наметливец (имн.) - наклевети (гл.)

НАКИТ - Некој намќорест наметливец наклеветил некој кит дека го проголтал загубениот накит. Китот се накострешил и намуртил поради оваа глупава навреда. Така налутен, во еден налет, успеал да налапа 666 намќорести наметливци (по 333 од секој), кои, по долготрајна потрага, во внатрешноста на китот не успеале да го пронајдат загубениот накит. „Само пар нараквици, еден балсамиран наланџија, два магнети, господинот Пинокио и неколку рипки. Накитот го нема“, рекол еден од намќорестите наметливци откако излегол надвор. „Од сега сум наклонет кон китови, иако малку накиснат“, рекол друг. Ете, накусо, уште една нарација.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)