Во самиот напад таа се немаше здобиено со повреди, но додека (зад својот гол грб) ги сечела лисиците од изолир-трака со назабениот нож за леб ја огулила кожата од едната подлактица, такашто Френк тивко ги исчисти црвените точки и барички од кујнските плочки додека Џоен ја возеше и тешеше жртвата во остатокот од ноќта, а утредента ја играше својата улога на дедо во тешката претстава на нормалност-поради-децата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)