Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јасно му се давало на знаење на нашето население дека е под контрола и дека ако се случи нешто слично на тоа што се случило во Солун, или ако се дигне востание, треба да очекува крвава одмазда.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Благодарејќи на брзото реагирање на МРО и сфаќањето на добар дел од заблуденото население дека е изиграно, врховистите не успеале да го прошират пожарот на поголеми пространства.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)