И мртов памнам Иако не пламнам Ветерот Беше Ти. мирис Го препознавам Тој мирис Што ми го навестува Крајот. расчленување Работам врз Сопственото Расчленување За да не остане Ни капка за показ Ни трошка за видување. вечното Се губи погледот Некаде Кон Далечното Оттаму Со презрив насмев Ми возвраќа Вечното. озарен и со огон Озарен и со огон Стрмам До нефат Дно.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)