насмевка (имн.) - ги (зам.)

Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да ги поздравиш и да не заборават - Фали село - живеј в град! со широка насмевка ги пречека шоферот. Беше многу помлад од оној утрината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Службеничката им го закажа денот и часот, па љубопитно ги загледа и низ своите очила и низ стаклото на шалтерот, и со насмевка ги потсети да си поведат и сведоци за регистрацијата, тој од една таа од друга страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со подзината уста која потсетува на човечка насмевка ги набљудува минувачите низ Трговскиот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)