Предвидливо, гардистите ме фаќаат и по молскавично судење ме стрелаат во истиот двор, додека таа, од терасата на осмиот кат, со расеана насмевка ме набљудува како паѓам издупчен, а бескрвен, на скржавниот тревник...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Широко ги отворам очите, моите драги, со насолзени очи и топли насмевки ме греат.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)