насмевка (имн.) - му (зам.)

Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Првиот чекор за наоѓање газда е да се здобиеш со неговите симпатии“ - пишува во прирачникот за склопување кучешко-човечки пријателства, илустрирајќи ја успешноста на советот со фотографија на кокетен пекинезер како целиот излигавен ѝ се потпикува на една средовечна дама, која со насмевка му подава копанче.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Си ја дотури крчмата и со иронична насмевка му рече: „Големата империја секогаш бара војна, а не правда, пријателе...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го запира возилото пред С., со лицемерна насмевка му се приближува: - Слободно ли е местово до вас?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Отец Пелазгиј Асикритот пак, навидум спокојно гледаше во Филозофот, но една блага, притворна насмевка му заигра на долната усна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѓаволеста насмевка му се лизна по лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ама, како што се доближувам, така и насмевката му се намалува. Му се повлекува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште на почетокот од насмевката му се познава радоста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И насмевката му е сиромашна ко посен селски ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За сѐ беше крива жената од купето. Откако внимателно го разоткри плодот, таа со љупка насмевка му ја подаде бананата. Вкусот беше извонреден.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Видете каква блажена насмевка му лебди на лицето. Гледате?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јехуда е едно од двете деца на Давид и Бенвениста кои ги создадоа и ги пораснаа двете деца, Јехуда и Рафаил, неговиот помлад брат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Понекогаш се случува Микеланѓело да излезе од себе и тогаш без исклучок веднаш се искачува на куполата на црквата Свети Петар во Рим.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Оттука низ неодгатлива насмевка му мавта ли, мавта на оној Бернини, цврсто верувајќи дека тој не е толку изматуфен за да не ја разбере смислата на поздравот што му го испраќа Микеланѓело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
“Молам”, возврати мајка ѝ на Минк и со насмевка му се врати на електромагнетниот запрашувач.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- На слици, ми вели капетан Мирковиќ, ако имаш слика во џебот, вели, и некоја скриена насмевка му ги поткрева мустаќите. Му ги подраширува образите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)