Не знам дали ѝ се допаѓав или не, но таа многу добро знаеше колку многу ја посакувам и ми возвраќаше со изразито куси погледи придружени од намамувачка насмевка или израз на лицето што мене ми се гледаше како охрабрувачки предизвик.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Камерата ни овозможи да бидеме сведоци на неговата најинтимна насмевка или воздишка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ми беше, да ти признам, малку и тешко да те гледам...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Беше ли насмевка или потсмев, не знам. Тоа ме столчи.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Затоа и ти велам додека се одалечуваш дека сум со впечаток оти нешто имаш скриено; нешто многу битно однесе со себе, или не го спомна. Дури не го ни нашепна“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Извини, веројатно претерувам, но ти ме учеше да не се затскривам зад насмевки или зад солзи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Околу него и од камен жугале златнокруни јаглики и некакви непознати цветни ѕвончиња над чии лилави и сини и румени зраци се споулавувале свиленокрили пеперуги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во исто време, чиниш, се сомневал дека некој од дружината ќе му ги испреплетка нишките на радоста и ќе ја поколеба со насмевка или со нешто малку пошироки раменици неговата избраница, барал од своите каменоделци да брзаат со делкањето на воденичките камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали се прашувавте дали скоро ќе се врати и дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Дали го прашавте што памети а што заборавил?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали се прашувавте дали наскоро ќе се врати И дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали поверувавте дека зимата треба да ги охрабри оние што ги одмина летото оние чија тиха ѕвезда упорно ја следи својата патека?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)