Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од научно гледиште, многу помалку знаеме за пишуваниот отколку за говорниот јазик, главно поради пристрасната насоченост кон анализата на говорот карактеристична за лингвистичките проучувања во 20-иот век, којашто дури денес почнува да се исправа.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сообразно со нејзините утописки амбиции и принципот на интензивно движење, експресионистичката проза, од една страна, покажува „драматична” насоченост кон целта, а од друга страна, акаузалноста на композицијата често создава осамостоени асоцијативни односи и кружни повторувања коишто, со бујна реторика, го кочат движењето во одредена насока.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа отелотворува имагинативна структура што му дава значење на обликот на поединечно постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фактот дека Аполинер во 1912 година го смести Дишан меѓу приврзаниците на орфизмот, ја потврдува Дишановата насоченост кон “херметичкото”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ.
Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)