Не се свесни дека тоа значи неверување во ништо, па дури ни во себе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тогаш, кога ги протераа од Потковицата и од сиот овој дел на Македонија фашистите и кога стапија на власт комунистите, младежта, подгрејувана од нив, од комунистите, ја зафати едно неверување во бога, во црква, во самовили и во сѐ во што, научени од дедо и предедо, нивните татковци веруваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)