Глуви од татнежот, најпрвин со неверување дека тоа им се случило, паднал-едниот, Кара-Демир, пресечен под обете коленици, другиот Константин со крвави глобови, слеп.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Измешани чувства. Невидена радост и неверување дека тој ќе биде во мојот град, но и помалку горчина во душата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Беше фатен во клопката на самиот себе, стиснат во црн преграб на својата крв, се повеќе исклештен во неверувањето дека навистина сака да отиде на една планина на чии рабови уште малку и ќе умре летото разјадено од ’рѓата на есента...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)