Криптичниот наслов зборува за комплексната структура за Големото стакло: „Дури и невестата се разголува пред очите на неженетите.“ Идејата за тоа ја добива патувајќи кон Минхен. Оттогаш почнува да работи на програма каде „човечкиот калап“, „окуларните орудија“, „чоколадните трошки“ или „женскиот натрапник“ играат улога на симбол во скиците, текстовите и сликите. Во 1915 г. започнува со сопствениот вовед за „Големото стакло”. 1923 г. ја губи волјата и на крајот се откажува.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Борбата на Дишан за идеите „против“ уметноста го забрза појавувањето на Дада, го поттикна надреализмот и ѝ го покажа патот на авангардата во 70-тите години, од објективната уметност до поп-артот (Енди Ворхол: „Сѐ е убаво“), од минималистичката уметност до концептуалната. 10 год. по првиот Ready-made, Марсел Дишан повторно потпишува едно дело со карактер на манифест.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овде невестата се засрами и му вели на дедот Петка: — Дедо Петко', ми се здрвиа нозете од јавање, нека а запре Илко маската да слеза.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Да има, братко, време кога да се приготви нешчо вечеричка, винце, ракиичка, знаеш каков е нашиот адет. Невеста се води, не е играчка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се прави нетопот (една тенеќија, издупчена и свиена како корона, наресена со разни пари и мониста) и невестата се променува во особена кошула која се вика „црнетата“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кој ќе чуе ка ќе рече: „Билјаровите невести се поѓупчиле, ете, гаќи опнале, како вретенарките од Мелница.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Невестата се натокми како невеста и дури тогаш зетот го изведоа од кулата и го втера Муарем во кералчето на Кулиќевци, каде дојде поп Ристе и го заврте околу бурилото. Co арно — со лошо, Ката Стеванова стана Толевица!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)