На невестата ѝ се обраќа со зборовите: „Рипни, море млада, да му рипе на домаќинот!“; таа треба да му ја бакне раката затоа што добила стара пара.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На невестата ѝ блеска коланот искитен со сребрени пари; ѝ блеска герданот на градите, срмените пазуви на забунот, чепрагот на нив, тунтуриците на челото, монистата на марамата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)