Во желбата да задржи одредена логика во замислите и да ја сочува екстраваганцијата на својот сопруг, жената на филологот, која во неделата беше негова ќерка, инсистираше да се усвои принципот замената на имињата на предметите да се извршува според класификацијата на родови и да се усклади со употребата во секојдневниот говор. 64 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- За Томо ти зборувам, занесена Радо! Пред три недели бевме заедно на летната тераса на хотелот Куба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во градината веќе две недели не е излезен; две недели беше налегната густа магла како тесто; прст пред око не се гледаше; деновите минуваа без да се отворат; дрвјата тонеа како во длабока вода; понекогаш ќе изнуркаа со ветките како давеници што бараат спас; птиците изгладнети летаа низ маглата да бараат храна, а всушност се вртеа во круг; по патот или во селото повремено ќе се чуеше по некој вик на човек или рикање на добиток и ќе исчезнеше како потонат во бездна.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Деница беше навикната на мирисот на тутун, урми и гел, но беше изненадена од интонацијата на шепотот на Ниротакис и особено од неговата недореченост (“…а по недела…”), зашто неделата беше веќе на измин, наближуваше полноќ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Татко ми скоро две недели беше на пат.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А и беше свесна дека само до пред неколку недели беше в болница.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тие таму со денови, со недели беа под голо небо и гола земја.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Една вечер госпоѓите Нини, препалени, пред својата врата го видоа изобличен својот некогашен чуден потстанар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неколку недели беше замрачена собата отспротива, каде што семејството навечер обично се собираше на вечера.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)