недела (имн.) - ги (зам.)

И така, додека прашките граѓани неделите ги минуваат во починка, дотогаш гостите, кои овде ги има од сите краишта на светот, се на нозе и талкаат по прашките реткости, за да видат што повеќе од нив, да ги запомнат и да понесат што повеќе убави впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој „Илиос“, уште пред една две недели ги извика од земјата качунките, јагличките, петревите гаќи, момини солзи, а дренот го натера да ја облече својата жолта облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Не се издржуа, бацко Толе, шо не се издржуа, токо ајде да а ваќаме и ние Бугарија како тиа лани! — му предложи еден ден Андон на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Згора на сè, постојано мислам на моментите кога пред две недели ги задоволував најниските страсти со едно надарено момче.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Плимата доаѓа и си заминува секој ден - света обврска и е да му ги подзамива и разладува стопалата на Сан Педро Клавер, апостолот на Црнците, робот на робовите, кој сека недела ги дарува минувачите со бели каранфили и им намигнува на мајките доилки со разголени цицки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
По некоја недела ги спрегнал татко му Божин воловите и отишол на нива да ора.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За две три недели ги нагази Стоја и Петка по Маргара и Смечот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
16. По неколку недели ги отворам очите ко кукурек под снег.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)