Глигор стана: - В недела вечерта! Арсо остана сам. Свиткан и помрачен.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Еве како го видел и како го доживеал овој настан споменатиот Хр.Коцев: “Во неделата вечерта, на 27 април, пукна бомба на станицата и искрши само неколу стакла на предните вагони.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во текот на наредниот викенд Летка го посетила своето семејство во Лаврион каде што нејзините имаат викендица во неделата вечерта по телефон му се јави на Едо: „Да!“ рече со изразита нагласеност. „Таму сум. Среде твојата прикаска!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Попладнето дојде нашето момче кое одржуваше врски со нив и ни јави дека лудите решиле другиот ден, во неделата вечерта, да фрлат бомби на станицата врз возот што пристигнувал во Цариград...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)