Капачката помина по брегот по оној раб од земја и море Газеше по пената на своето тело (Далгите – задишеност на градите песокта – немоќ на слабините) Дали помислуваш на малечката лисица штотуку дојдена до работ на шумата водена можеби од намерата да го предизвикува ловецот Оној што ограда крева околу имотот за да го заштити од немаштијата или од стравот Кога се преиспитуваш Кога се зафаќаш со себеси како да редиш огромни камења на висок ѕид.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)