Така, кога ќе дојдевме кај Татко, дури некои од децата веќе во поодминати години, да му се пожалиме поради некоја претрпена ситна неправда или болка и да побараме од него лек, совет или поддршка, тој, кутриот, макар сронат од болеста, изрешетан по телото од стотици инсулински инјекции, малку закрепнат, но тешко подвижен, н храбреше и зрачеше пред нас со посилна енергија, исполнет со сила и со надеж да го досрка животот, до последниот жив атом на телото и на душата...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)