несреќа (имн.) - ќе (чест.)

Ружа гласно го коментираше тоа. - Оваа проклета несреќа ќе нѝ го одведе Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас поради тоа сметав дека сум излишен овде во ЈугоМак и дека ми се готват да ме избркаат од работа, а малку да ми покачеа плата, колку да се смирам, ни несреќата ќе се случеше ниту пак јас ќе бев нервно поболен и позависен од алкохолот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чу: „Твојата несреќа ќе биде во во твоето молчење.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Читам така, ко во треска, мислам дека и својата несреќа ќе ја најдам таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова е нова форма на војна, и сите идни војни, сите идни несреќи ќе бидат војни во живо и несреќи во директен пренос.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ни на дојденците, биле тие наши роднини или намерници, не им даваме да пеат и да се вртат на оро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога има причина, секој се радува за себе, кога несреќата ќе удри на еден, сите скрбиме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дедо тешко можеше да предвиди какви несреќи ќе им донесат границите на потомците.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)