Кога ме разбуди некакво страшно тропотење, ги отворив очите и прво што видов беа парчиња малтер што паѓаа од таванот и ѕидовите и почувствував дека нешто ме гуши.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Повеќе од што можев да замислам. А и тоа нешто ме има мене.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Нешто ме глочкаше на папокот, и јас ја кренав маицата: видов дека на мојот папок стои црниот пајак од младоста, брошот на мојата баба; Јан Лудвик, очигледно беше дошол од циркусот, од белиот свет, да ми го врати црниот пајак, и откако го беше испил своето питие, ја беше запечатил чашата со пајакот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И многу други нешта ме нервираат, некои кои до неодамна не сум ги ни забележувала.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На пример, онаа наша куќа во Маврово, што сите ја обожаваме, знае да ми создава големи главоболки.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Не знам дали би можел да ви објаснам. Многу нешта ме привлекуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А Марко му рече: „ Не можев поинаку ... Нешто ме давеше во градиве.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Нешто ме прашува. Нешто ми кажува.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Само сетив дека нешто ме студенка на лицето, на вратот, по рацете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)