нешто (имн.) - му (зам.)

Значи тоа е антропологијата, антрополошкиот и хуманистичкиот егзистенцијализам којашто Бојсовиот опус го разлучува од јазикот на бивствувањето, или анализите на јазикот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислам дека немаше директно учење туку размена со другите мислители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу нешта му доаѓаа низ разговор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се држи за гради зашто таму нешто му свири; непрекинато долго се закашлува, посинува, се гуши и никако да ја откине и да ја исплука кашлицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И ова нешто му се случи нему, на ѕидарот, на градителот на куќи, и тоа му се случи во светот во кој живееше, надвор, на периферијата од индустрискиот гигант, во рамното и еднолично село, обележано со вкрстени автопатишта и селски патишта, со бензински пумпи, што беа стратешки сместени на аглите на раскрсниците и трговските центри, таму каде што куќи никнуваа како печурки, оддалечени од нивите за компири.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овие нешта му даваа убавина на местото, и покрај Тито, тие ги привлекуваа птиците, а Рози уживаше во тие беспрекорни нешта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„.. Тој Брзакот беше нешто како недоветен, човек кому нешто му шумеше во главата...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш нешто му просени во погледот, но тој веќе не можеше да биде сигурен дали тоа беа тие, или пак само една игра на снежната ткаеница, а веднаш потоа не беше сигурен ни дека постоело некакво просенување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Внимателно се обиде да ја размрда ногата надевајќи се дека нешто му е изместено, но сепак, при секое подмрднување, болката никнуваше длабоко во ципата и како врел ражен се пробиваше до над коленото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Наеднаш ќе открие дека, според Иван Степанович, човекот е предодреден да страда; дека безброј непредвидливи нешта му се испречуваат на патот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакаш лубеницата да е со црвено месо или со жолто, прашува тој но не чека одговор, само можат да се слушнат неговите влечки по плочките а малку подоцна нешто му кажува на Циган.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А сите Козаци знаат, а и јас убаво паметам, дека тој никогаш не бил ничија жртва, а најмалку жртва на животот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден ден Дукле ѝ рече: - Коњот не се врати од пасење... Нешто му е случено...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)