Снеже се вцрви и рече дека нејзе такви нешта ѝ се здодевни, а Мишел дури сакаше да ни ги грабне „Вљубените срца“ и да ги искине.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Нешто ѝ се случило, но што - не умеам да погодам. Сепак си мислам: „Можеби Билјана добила единица, па затоа молчи...“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Наредната година, триесет и осмата, нешто ѝ згрешил на „патридата”, та затоа му ја соблекоа војничката униформа, му облекоа затвореничка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)