Во него тој стоеше пред еден ѕид од темнина, а од другата страна на ѕидот имаше нешто неподносливо нешто премногу страшно за соочување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)