По еден нерод, не толку старечки колку продолжување на кошмар, разбуричканост врз која пливаат трупови на мртви мисли, Богдан Јанков се обиде да ја поврзе нишката меѓу парчето рај од сонот и рајот од кој светецот во шарена одежда им покажува на крстените паганици дека православјето им носи благодет, посребрена чубрика за толчење или за венче околу глава.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Земјата, за која му требаше време да сфати како да се вслуша во неа, сега омекната до кал го слушаше него; му беше доста да ја допре онаа неуловлива нишка меѓу вивките на мозокот или вршките на нервот и потегот на зглобот или јаготките на прстите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)