нога (имн.) - ми (зам.)

Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И потем одевме; во еден миг јас почуствував дека со мене нешто не е во ред; како да ме беше каснало нешто, како отровен пајак; почна да ми се врти, свеста ми се виеше, и нозете ми ослабеа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се качував, полека, скала по скала, и кога ќе дојдев до највисоката греда, ја ставав раката над очите и гледав кон креветот, но секогаш скалата божем ќе се занишаше и јас јурнав надолу, од другата страна на скалата; потем повторно се качував, повторно гледав, но повторно нозете ми јурнуваа надолу, и ништо не виѓавав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тргнав, решен да узнаам. А кога дојдов до одајата на Лествичникот, нозете ми се отсекоа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Добро, стани, меко рече жената. - Не можам. Навистина, ногата ми е скршена. Боли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така беше. Накиснатите нозе ми беа врели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев и не можев тоа да го сторам иако се чувствував навреден како мал пес со кој луѓето најпрвин добро постапуваат, потоа, без причина, го клоцнуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ти повторно за еленот и срната, - продолжи - ногата ми е в ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рацете и нозете ми се во синџири.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По нозете ми се качуваат мрави, полето ѕуни и ми се одѕива во ушите. 35
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одам, а не знам кај одам: нозете ми одат наопаку, и сѐ ми изгледа наопаку.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И нозете ми се тресат, не ме држат. И почнувам сега во празно да паѓам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нозете ми се набиваат, секоја рана се фаќа за кожата. Небаре искра за трвлачка, за барут.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Големата болка како да помина. Отокот на ногата ми спаднува, ме јаде, ми се лупи околу преврската.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рацете и нозете ми се во синџири.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Погоди, - повтори Барбут- бег, и самиот намигнувајќи ми, но со двете очи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Рацете и нозете ми беа врзани со дебело јаже од кое ни најмускулест орангутан не ќе се ослободеше.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Не, не, сега и другата рака и нозете ми се одземаат.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ТЕОДОС: А, нозеве ми се здрвија како да не се мои. (Сака да стане, а несигурно стои.) Не држат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ногата ми ја оперирале и ми врзале лонгета. До креветот ми оставиле и патерици за да се помагам... Многу е за кажување...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нозете ми се потфатени од коњот, од тежината негова.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не знам која нога ми е удрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си ја влечам така тежината, а нозете ми се враќаат, ми се сечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нозете ми натежнале, небаре во тиња, во жив песок да газам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум згазила на некои одвалени камења и нозете ми избегаа, газот ме тргна надолу.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ја исчистиле раната, ми ја закрпиле и ногата ми ја ставиле во гипс.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)