нокот (имн.) - в (предл.)

Се чинеше и ги закопуваше ноктите в месо, ја проколнуваше предолгата ноќ полна со подмолни заседи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Слушаше од своето име само н-н-н, додека тој, првпат од своето постоење, престана да биде слух и вид, тој, грешник со закопани и крвави нокти в земја, за да не кине една благост и една топлина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сонував девојки и се будев со закопани нокти в месо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)