Она што претходно го изнесов во врска со одговорноста повеќе е бележење кон некој закон, кон еден императивен налог кому конечно би требале да му се покориме, исклучувајќи ја секоја норма, нормативност или она што денес се смета за нормалност, без било што што најпосле би било предмет на знаење, би му припаѓало на некој ред на бивствување и на вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако моите искази си го задржуваат правото на сомневање, запрашаност, воздржаност, огради поради незнаење итн., политиката, моралот и правото (кое не го мешам со справедливоста) си ги осигуруваат и се разбашкаруваат во обманата и чистата совест - и секогаш се наклонети кон тоа да бидат или да прават нешто друго одошто се моралот, политиката и правото. 4Дали тоа го изведувате од својата филозофија? 4Што изначи “изведува”?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)