И на нос да падне, што се вели, пак нешто ќе најде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
КОТЕ: На жената секогаш треба носот да ѝ намирисува мажот што сака. Оти, мажот си е маж, не е жена!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Фоте ѝ го беше принесол под носот да го мирисне, пред да го однесе на балконот во подавалникот со локум.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носови да го сетат лошиот мирис... само тоа. Што можеме ние друго?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На која око ќе фрли, ако не го сака, носот да ѝ падне!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Богуле, при жулкањето на нејзините коси, го допираше и носот да ѝ ги помириса при што го губеше носот во нејзиниот густеж шумно шмркајќи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)