Претпладневната ракија како топол бран чинеше да го чувствува целосниот посед на телото, да си го зајакнува оптимизмот, илузиите, додека вечерната ракија ја пиеше за своја душа, таа му ја зајакнуваше носталгијата за старите времиња, за животот со семејството крај Езерото, за годините на младоста минати во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Цела година не се видовме. И покрај сѐ што видел и доживеал таму, имало моменти кога му било многу тешко и го фаќала носталгија за дома.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ако тогаш бев носталгична за родителскиот дом, за мојот град сега почувствував носталгија за моите осумнаесет години.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)