ќе бараш наслови за следните книги
Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови
поетите ќе ги распознаваш по интонацијата
а времињата и приликите според употребата
на заповедниот начин
карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш
без рецепти, така што да побудуваат носталгија
по домашно огниште и другите туѓи именки
сеедно по којпат, сега чекаш
- чекањето по дефиниција е бесконечно -
можноста да напишеш песна лебди во собата
како можност за љубов, како самовила
цела како јајце, како гром, како Господ цела
челото го збрчкуваш
пред карстната перспектива на иднината
и ги трошиш последните резерви надеж
- тебе речиси непотребни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тебе не те задоволуваат
патувања во позната насока
сакаш да кажеш носталгија
а да не биде типично:
татковинска болест, на пример
еротиката е носталгија по родниот крај
(и се раѓаш таму, и свршуваш)
со топло и сочно подножје
реагира на допир, роси
се распаметува, илегално и легално
јас не сум секогаш во јас-форма
јас е; ти сум; тој си...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но, да се разбереме, вашето вчерашно пледоаје, за некој друг суд, во оваа иста земја, како и секаде каде што се протегаат новите христијански граници на комунизмот, би можело да биде протолкувано и како обид за исламско-отомански заговор, како носталгија по отоманското царство, скриен обид за негово реставрирање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Носталгија по романтичарскиот живот, а фрагментот на осаменоста најчесто заслужена е иронија која продолжува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Вториот е Крсте Чачански, чиишто раскази се како енигми, гатанки и ребуси, како македонски сфинги пред коишто остануваме често без точен одговор, но секогаш обземени од чувство дека нешто битно сме откриле и дека сме се облагородиле во еден миг во којшто се слеани во една целина носталгијата по далечното и задоволството во играта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Маските кои и даваа форма на мојава душа сега се сон, а сонот е мојот живот, живот кој можев да го пронајдам само длабоко во ноќта, кога бевме сами јас и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)