Под претпоставка дека теоријата на кибернетиката може во себе да ги смести сите метафизички поими - сѐ до поимите на душата, животот, вредноста, изборот, сеќавањето - кои до неодамна се употребуваа во смисла на спротиставување на машината и човекот7 таа треба да го задржи, сѐ додека не се открие неговата историско-метафизичка припадност, поимот на писмо, трага, грама или графема.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сето ова има за цел да го опише не само системот на нотација кој отпосле се врзува за овие активности, туку суштината и содржината на самите овие активности.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Би можело, исто така, да се зборува за атлетско писмо, и, уште повеќе, доколку се мисли на техниките кои денес управуваат со овие подрачја, и за воено или политичко писмо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)