Но ние не го сторивме тоа, не на месечина, не во твојот двор под фосфорните okno.mk | Margina #32-33 [1996] 188 фенери од светулки, не под соѕвездијата кои не можевме ни да ги видиме, а камо ли да ги распознаеме, ниту пак во темниот отсјај кој го замени вистинскиот ноќен мрак, мрак веќе откраднат од нас; не кога облакодерите зад нас се креваа сѐ повисоко додека градот постепено трулеше, ниту во летната жештина додека Студената Војна беснееше; и покрај слободата на младоста и првата љубов - поради судбина, карма, среќа, што е важно што?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сигурно таа ноќ сум се присетил на сите други случаи кога сум се враќал дома после нашите средби така што ми се чинеше како да се постројував во редица на крајот на парадата составена од поранешниот јас - јас како пешачам дома ноќта кога прв пат се бакнавме, јас ноќта кога ти ја откопчав блузата и ти ги ги бакнав градите, јас ноќта кога ти го кренав здолништето над бутините и паднав на колена - сите еден по друг со секој чекор поблиску до тој неповратен момент кон кој што нашите животи привидно беа насочени.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- од неонадувањето направивме чудо, и сепак не го сторивме она, не го сторивме, никогаш не го сторивме. превод: Зоја Наскова-Барт Најновата збирка на раскази од Стјуарт Даибек (Stuart Dybek) е “Крајбрежјето на Чикаго”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
До што е корен и камен до што е далга и ноќ сум израснал . . .
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)