Црното млеко на ноќта Ми ја криеше раката Дигната високо, Превисоко, До патецот над челото на Мајка, На разделот на косите нејни Што сега ги плетам Сам во самица Самувајќи.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
И излегувам (во повеќето мои песни излегувам), и среќавам (секогаш некого среќавам): исцрпени балерини напатени (по цела ноќ ми танцуваат во сништата).
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Тие ноќи многу го сонував Ангелета мој и Роса моја. Секоја ноќ ми се јавуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)