И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ ѝ дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) „Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам“, ѝ реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Последната ноќ ѝ помина како миг, дури и побрзо.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Предолгите нерамни и скоро кучешки заби диво се разголуваа под слабата селанска светлост што ни на ноќта ѝ се предава ни ноќ совладува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
7 Брчки - мравји траги на грижи преку невисокото чело; очи - претпазливи жужалци во темномодри глобови со тајни на дното, црвеникав сињак во едномесечната брада ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На принцезата секоја ноќ ѝ читал една иста книга, а во книгата пишувало: „Си бил еден цар, си имал принцеза - ќерка, на принцезата секоја ноќ ѝ читал една иста книга, а во книгата пишувало: „Си бил еден цар, си имал принцеза - ќерка...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)