Во ноќите кон ѕвезденото небо загледана - секогаш со најсветлата од ѕвездите зборувала...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Тип, тап! Тип-туп! - одекнуваше тапиот чекор.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Таа ноќ кон Битола се приближуваше крупна, црна сенка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)