Крај. Величествено. Рабинот го обзема блаженство и од лесното присуство на Бога и сонот кој оваа ноќ леко паѓа врз него и навестува дека нема да произведува апокалиптични слики.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И среде таа ноќ на ужасот само Храмот го осветлуваше пределот послан со човечки тела, а пред јужниот ѕид на Градот слета војска од сиви архангели што не беа ни Гавриил, ни Рафаил, ни Михаил, ни Ариел, ни Азраел, ни Јофиел, ни Јеремиел, ни Метатрон, ни Рагуел, ни Разиел, ни Сандалфон, ни Уриел, ни Задкиел, ни Ханиел, ни Шамуел, но некои други Сили и ги ставија шофарите што сега им беа свиени до шестпати и засвирија шест по шестпати во нив, та падна јужниот ѕид на Градот и се отвори браната кон Ге Хином што значи „долината на децата на Хином”, која се протега од подножјето на ридот Цион до кидронската долина, па штом падна јужниот бедем од долината, заплисна врелиот здив на зборот Гехенна, поимот на Пеколот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)