Најпосле, незабележано за самиот себе, старецот отиде малку на страна, во шумата; тој веќе се беше смирил и акаше без цел околу грмушките и дрвјата; парченца од шишарки и лисја испопаѓаа врз неговата мртва глава.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зраци од сонце се пробиваа низ честарот.* Одеднаш посака да се испразни; токму таа ноќ претерано се беше напил крв; очевидно, делови од крвта понекогаш се издвојуваа низ лешинскиот полуизмет.