Имено, Судот, со право, оцени дека оваа материја не може да биде предмет на уредување на подзаконски акт на министерот, бидејќи со ова законски дадено овластување се врши противуставно проширување на надлежноста на еден инокосен управен орган и тоа токму во сферата која, согласно изречната уставна одредба, се уредува само „со закон и со колективни договори“ (чл. 32, ст. 5 од УРМ/91). 56 т штрајкот, од свои средства, да им обезбеди надомес ок на плата за времето на штрајк на работниците кои учествувале во него (чл. 241, ЗРО/05); д) и, конечно, намалувањето на овие права се гледа и во сферата на прекршочните одредби: • за работодавачот, наместо поранешните две казниви дејствија (ако примал нови работници за време на штрајк или ако ги спречувал работниците да учествуваат во штрајкот – чл. 17, ЗШ/91) – сега постои само едно казниво дејствие, а тоа е она кога работникот кој организирал или учествувал во штрајк, организиран во согласност со закон, го стави во понеповолна положба од другите работници (чл. 264, ЗРО/05); • од друга страна, пак, порано беа предвидени само две прекршочни одредби за работникот (кога тој ќе одбие соработка со работодавачот која има за цел да се обезбеди вршење на минимумот работа што обезбедува сигурност на луѓето или кога неоправдано ќе одбие да изврши налог кој има за цел извршување на некои меѓународни обврски што ги има државата – чл. 19, ЗШ/91) – додека сега се воведоа три нови казниви дејствија: (1) ако синдикатот, односно здруженијата на синдикатите, не најават штрајк; (2) ако започнат штрајк пред спроведување на постапка за мирење, предвидена со овој закон, односно пред спроведување на друга постапка за мирно решавање на спорот; и/ли (3) ако во писмото за најава на штрајк не ги наведат причините за штрајк, местото, денот и времето на почетокот на штрајкот (чл. 266, ЗРО/05). 3.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)