БРИТАНСКАТА БЕСКОМПРОМИСНОСТ ВО ОДНОС НА МАКЕДОНИЈА Конституирањето на македонската федерална држава и сè почестото истакнување на плановите за нејзиното обединување или федерирање со другите балкански држави било нешто што не влегувало во британските повоени планови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во телеграмата испратена до шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин, се барало тој да го запознае претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито со британскиот став во однос на нивните разговори за југословенско-бугарската подготвеност да одобрат конфедерација меѓу сите балкански држави, непријателски и сојузнички и по можност вклучување на Турција, додека не би одобриле и би спречиле “ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од тие причини Форин офис побарал од Министерството за надворешни работи да изготви документ за Македонија во кој би биле набележани сите можни идни потези на југословенското и македонското раководство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Маклин му го пренел британскиот став на претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за федрацијата, имено, дека одобруваат конфедерација меѓу сите балканските држави, непријателски и сојузнички, и по можност вклучување во тој сојуз и на Турција, и дека за нив не е прифатливо и би го спречиле секое "ексклузивно обединување или федерација меѓу Југославија и Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)