облик (имн.) - општествен (прид.)

Она што се обидов да го направам, накратко, е да понудам концепциски модел за разбирање на комплексниот сооднос на сексуалната ориентација, родовиот идентитет и културните практики и за реконституирање на општествената логика што го проткајува. 17 ЗНАЧЕЊЕТО НА СТИЛОТ Не е некое изненадување што жанровите на дискурсот и чувствувањето, како и стиловите на личното изразување, излегуваат кодирани за род и сексуалност, кога речиси сите културни предмети се интонирани со слични видови значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта не беше да се објасни логиката што е во основата на секоја машка геј-културна практика со сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта, попрво, беше да се покаже каде човек би можел да тргне да бара објаснувања – имено, во начините на кои меѓусебно испреплетените констелации на општествените вредности поврзани со културните облици општествено се кодираат за родот и за сексуалноста и во начините на кои човечкиот субјективитет, вклучително и сексуалниот субјективитет, се конституира во однос на тие веќе постојни констелации на сексуално интонираните вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доволно е тешко да се расветли привлечноста што за геј-мажите ја има една сцена во еден филм со Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)