Немаше никаква врска меѓу овој поим од италјанско-шпанска провиниенција и политичките настани кои се случуваа во тие денови во Тунис по конечниот пад на бургибизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но во поимот матанѕа, кој го изразуваше колективниот транс на педесетината рибари, кои ги убиваа намамените туни во нивниот миграционен циклус, при минувањето крај тунискиот брег, по атланската и медитеранската одисеја, на пат кон Сиритскиот залив на либискиот брег, за да го означат процесот на обновата во природата, се криеше инстинктивната понесеност на човекот да владее над природата, да ја наложува својата лажна супериорност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)