Разликата е во тоа што за соодветно вработување се смета она кое е во согласност со видот и степенот на завршеното образование на лицето и стекнатите вештини наведени во пополнетиот формулар кој го доставува до АВРМ, а пак за погодно она за кое е потребно образование или вештини кои се најмногу еден степен пониски од образованието или вештините на лицето, наведени во пополнетиот формулар кој го доставува до АВРМ. (чл. 57 и чл. 58) Со чл. 59-а се предвидува обврска за невработеното лице лично да се јавува во АВРМ на секои 30 дена и да докаже дека активно барало работа во последниот месец, а друго лице кое бара работа да се јавува на секои шест месеци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сево ова го прави неверојатно тешко пловењето во ова длабоко „море од закони“, дури и од страна на дипломираните правници, кои стручно се бават со оваа проблематика, а пак за неупатените и правно неуки работници, кои немаат макар и елементарно син- дикално образование или активизам – снаоѓањето, навистина, е „невозможна мисија“ во буквална смисла на зборот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)