овчар (имн.) - и (сврз.)

Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите бевме овчарчиња и козарчиња. Од овци и кози живеевме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Утрото сретнавме еден овчар и тој ни кажа дека војниците си заминале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
–„Арно, за тоа ми кажал, ами за Лиса, што ќе ме испердушеше ако не беше Смиле овчарот да ме одбрани, се сврте кај овчарот и му рече: не беше вака, бре Смиле?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Остави ги да си пасат оти ќе ти го нас’скам кучето, го гледа овчарот и се чуди оти детето нема ни коса ни веѓи Ами кој така те олупил?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Разбра? - праша некого Чауле. – Сите настани можат да се сфатат кога постои желба да им се пријде на работите со чесни намери - заклучи со добродушна насмевка тој.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од кого ли научија тие прости, неуки, довчерашни овчари и говедари, измеќари и момоци, прислужници и подопашкари, та станаа народни судии и сурови мачители?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)