оглед (имн.) - дека (сврз.)

„Традиционалната уметност“ беше главно, како што тоа Бенјамин би го рекол, „его- поддржувачка“ - ја чуваше дистанцата и така ја конституираше својата аура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Самата интерпретација ќе зависи од нивото на нашата популарна информираност која и за Хјум ја диктира комуникативноста на сликата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без таквата информираност сликата Анатомија на небеско суштество (Anatomy of a Sky Creature, 1993) на Rod Dickinson (р. 1965) нема многу да ни каже со оглед дека во потполност е условена од поп-културните дискурси. (Ако жанрот со кој до сега се занимававме главно беше „еротски трилер“, ако не и чиста порнографија, сега тоа е science fiction.)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но со оглед дека сега сме сè повеќе бомбардирани со неасимилираните шокови на „модерниот“ живот, нашата психа бара нешто вон принципот на задо­­волство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На таа станица обично има многу луѓе, но со оглед дека беше по полноќ, сега ги имаше малку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со оглед дека романот се одвива во временски распон од една година и дека односот на историјата на селото и Симоновиот предок Никола Поцо се повторува и во судбината на Симон и во неговиот однос со селаните, забележливо е внесувањето на уште една димензија на романот, онаа која укажува на можноста од цикличноста на историјата, инаку карактеристична за митското време во кое, во рамки на дневниот, годишниот или подолг временски период, циклично се појавува смената на денот и ноќта, годишните времиња, но и животниот циклус, смената на владателите итн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Rosh Hashana Нова година според еврејскиот календар Романиоти Евреите од времето на Византија или на „вториот Рим”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Shabbat Шабат, ден посветен за молитва во кој не смее да се работи никаква физичка работа со оглед дека во Библијата Господ го означил како ден на одмор Shadhan шадхан, проводаџија во еврејска средина на хебрејски јазик
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Покрај овој како општо еврејски Пурим, се одбележаувале и посебни денови на спасување на Евреите; така постоел и посебен белградски пурим кога се спасени белградските Евреи при едно тирско бомбардирање на градот  Purim alegre!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Вие сте едно, без оглед дека селово е така поделено. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се разбира, доколку чувствувате потреба и смисла, но со оглед дека некои ваши погледи во “одредени кругови” се вулгаризираат, не сметам дека тоа ќе биде одвишно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со оглед дека ЗРО е lex generalis во однос на овој ЗВЈС, решението за вработување е незаконит начин на стапување во работен однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На портата од нејзината зграда ѝ реков дека не е сè загубено, дека од нас зависи обидот за легитимна средба; сега таа ги знае правилата на играта, можеби ќе ни тргне од рака со оглед дека ништо друго нема да правиме освен да се бараме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но еден Leonardo кој наместо со Luca Pa- cioli се дружел со Henri Pioncare (20) и Elie Joeffret. (21) Кој, наместо да ги нацрта илустрациите за трактатот на оној првиот за Divina Proportione, го примени златниот пресек во своите главни дела, од сликата Невеста од 1912. до подготвувачката студија за кадифето и пергаментот во амбиентот на Со оглед дека..., минувајќи, секако, низ Големото стакло.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Би можело да се каже дека кај Leonardo сцената на спарувањето е развиена и во доменот на дводимензионалноста со еден сагитален пресек во однос на рамнината на еден лист хартија, она што низата од четирите еротични скулптури на Duchamp - од Not a shoe до Objet-Dard - го изложи тргнувајќи од тродимензионалноста на волуметрискиот предмет. ]е им пристапиме уште и на Leonardo-вите анатомски цртежи на вулва, во сета нивна груба соголеност и изложувањето на истиот орган во околината на Филаделфија, Со оглед дека..., каде што на погледот му е дадена, среде еден давинчиевски пејсаж еднакво таинствен како што е оној низ кој излегува Mona Lisa, енигма на една друга насмевка, овој пат вертикална, и која не е засенчена со никаква влакнавост во гарантираната анонимност на суштеството што ни ја нуди.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Исто така, повеќе од четири години работеше на портретот на Mona Lisa, не можејќи да го доврши, како што пишува кај Vasari, и што го потврдува фактот дека сликата никогаш не му била испорачана на нарачателот. Duchamp, исто така, 13 години работеше на своето Големо стакло, дваесет години на амбиентот Со оглед дека, долга хронологија во текот на која периодите на интензивна работа се сменуваа со периоди на мрзеливо размислување.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ако овој упорно насочен прст во Leonardo, прст кој упорно одново се појавува, укажува, не губејќи здив, на тоа дека постои една моќ вон нашето видно поле, вон ретината, тој истиот прст насочен во Duchamp, не е тука да покаже некое место, како оние од дваесетите години нацртани пред влезот во „местата”, освен мошне чудниот паралелограм чии што темиња се направени од три кривулести профили на Stoppage-etalon-от; дали го покажува патот на една непозната димензија, од онаа страна на едноличната здодевност која за авторот ја претставува бојата нанесена врз една рамна површина? ]е одиме ли до таму да кажеме дека елементите на окружувањето на Со оглед дека... постојат веќе кај Leonardo?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи, во тој случај, делото Со оглед дека... би можело да биде прво дело кое престанува да биде „уметност” кога не го гледаме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само така, со оглед дека поинаку не успеваше, она што беше нејасно ќе добиеше шанса за фокусирано значење.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да се раскажуваат големи приказни, после пропаста стана невозможно: оваа опседнатост на руската интелигенција е смешна, со оглед дека не преостана човек кому ќе му се допадне да ги слуша овие приказни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Откако, заедно со умирањето на институциите исчезна и културниот контекст, политиката стана единствениот вистински контекст со оглед дека приватизираниот имот се распределува под нејзината сила, Куликовата уметност преоѓа во политички чин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Каков е односот помеѓу тоа прво раѓање и она второто, кое го прет­ ставува вашето доаѓање во Франција, одењето во гимназијата Louis-le-Grand, завршниот испит, впишувањето во еден сосем нов свет? 4
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓу другото, обрезувањето значи одредена ознака која, со оглед дека ја извршиле други а јас ја претрпев во потполно препуштање, останува врз телото, видлива е и невидлива, исцело на истиот начин како и сопственото име кое други ми го доделиле.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Препуштајќи му го на случајот изборот на фотографираните субјекти, извлекувајќи ги од анонимност случајните минувачи и поставувајќи ги во центарот на вниманието резервиран само за славните, делото на Димитријевиќ претставува критика како на системот на вредности со неговите очигледно произволни хиерархии, така и на идеологиите кои лежат во основата на рекламниот дискурс и политичкиот култ на личноста: „Се обидов да најдам одреден вид на активност што ќе ми овозможи да ги надминам рамките на формалната еволуција и да се обидам фундаментално да го променам нашиот пасивен однос кон опкружувањето.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со оглед дека опкружувањето игра активна улога во обликувањето на умот, се обидов да ги променамнашите вообичаени односи и реакции во нашата средба со секојдневна реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Настаните што се случија во Солун - пишува Готје - уште повеќе го зголемија немирот на битолското население, и тоа е повеќе од секогаш убедено дека градот, со оглед дека е седиште на главните членови на Револуционерниот комитет, е загрозен, и тоа многу скоро, од катастрофа пострашно од таа во Солун“140.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)