Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ова, праша првиот офицер допирајќи едно црно огледало во сјајна месингана рамка врз која имаше многу поделби, агли и степени.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кога се свртив, станав свесен за глувата осветленост на дворот, па ја кренав главата и ја здогледав полната месечина што, со својата млитава обесена на небото, ми поделува како огледало во коешто се огледувам.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Човекот е огледало во кое се огледуваат сите промени на неговата душа.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ја напуштаме Преспа и пред да превалиме на другата страна од Превалот, долго се вгледуваме во прстенот од планини во чија средина е езерското огледало во кое катадневно се вгледани и небото и облаците, и месечината и ѕвездите и изгревот и заодот на сонцето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тоа исто прашање на сосема друго место го поставува некој друг човек, тоа исто прашање во некое друго време го поставува некој трет човек, тоа исто прашање на различни простори и низ разни времиња го поставуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Еден човек гледа пред себе во воздухот како во некакво огледало во кое не може да го најде својот лик, и вика: „Кој сум јас? Кој сум јас? Кој сум јас?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стоеше така зачудена пред последниот експонат - големо огледало во кое можеше да се види целата, од глава до петици.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тодор исто не даваше да се чува огледало во куќата, но стрина Спасија, мајка ѝ на Руса, која беше исто убавица, не можеше да го прежали огрубувањето на ќерка си.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Поинаку не можев да те заштитам - и повеќе не издржа; се расплака на глас, го фрли ножот, истрча во тремот, извика таму Да не видам огледало во куќава и преку дворот избега некаде во полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кловнот долго се гледа. Едното око се полни со влага и го разбива огледалото во ситни кристали.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Првото дело на Duchamp каде што е употребено огледало, Едрилица со водена мелница во соседните метали, од 1913-15, завршено е една година пред Apolinere Enameled.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во голем број белешки Duchamp го нагласува значајот на огледалото во својата работа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се сретнав со Велшанинот во барот и почнав подготовки за исчезнувањето на Хироши. ]е биде тоа комплицирана работа, сложена како бакарните запчаници и подвижните огледала во некоја викторијанска маѓионичарска претстава, но саканиот ефект ќе биде доволно едноставен.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Нејзиното одразување е како во огледало во бродска кабина за време на бура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Имавме едно семејство во најблиско соседство, се сеќавам, кога си заминаа ни дадоа една убава печка, огледало во резба, големо, кревет и една хармоника детска.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа го симна од ѕидот и огледалото во кое Илко се огледуваше и во кое ѝ се пристори како да ѝ се присенува неговиот лик.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Врз огледалото во кои си ги гледаа суратите кутрите Егејци додека Нанчо ги лупеше со машината, навечер мижуркаше слаба светилка, ама за мене беше добра за да поднаучам уште нешто кога немаше муштерии.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Притиснат од новите задачи во гимназијата, а и од самите околности кои многу не дозволуваа човек да се одлепува од денот, средбата со учителката од Гаково, на некаков волшебен начин, без воз што татни со денови, ме врати во Гаково за да можам да се видам себе си како во огледало, ама во такво огледало во кое твојот отслик не се менува независно што изведуваш пред него, во него остануваш кадриран и замрзнат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Напладне се престоруваше во маѓепсано огледало во кое се огледуваа сите околни предели.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Долго стоеше пред огледалото во кое се пенеа нејзините бакрени кадри, а тој - Марија, Марија, непроменлива си како и сите Марии на светот, - мислеше, и уште знам: знам, сега знам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Внатре е пеколна жештина. Жена му со детето веќе спие, а тој се гледа пред големото огледало во бањата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
На левиот ѕид голем ѕиден сат во ореовина, на десниот огледало во широка рамка и неколку фотографии од серијата Геновева.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
На сите страни имаше блескаво чисти огледала во кои отсјајуваа мермерните шари на сиво-белите комбинации на плочки со кои беа облепени ѕидовите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Телевизорот беше пуштен гласно, а и децата вревеа во аголот од собата, така што никој не можеше да го чуе виењето на моите црева.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ноќта се стемни со месечина, а езерото заблескоти како огледало во кое уште што не можеш да се огледаш.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Додека зборуваше очите ги пикаше во темниот агол на одајката, набрзина ги прошета по лицата на сите, а потоа ги врза за темницата чиниш аголот и темницата во него се некое огледало во кое гледа некои други, дамнешни лица, а не овие што се сега пред него.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)