Ама, за разлика од другите ќерки кои го добиваа огледалото од рацете на своите мајки, Мајка огледалото го доби мошне рано, од својот татко кој ѝ ја пренесе својата тајна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Лево, напред, врата, а во дното долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена завеса и од горе на среде преврзан со корделка.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Малечкото огледалце обесено на шајка од десната страна на пенџерата го има превртено опаку за да не може да ѝ го враќа преправеното кадро, а ни природните огледалца од барите не ги оставаше да ја примат и да ја повратат, туку веднаш со чевелот или со стапот ги растураше.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Рудолф II, имено, како што веќе рековме, собирал секакви чуда: огромни црви, џуџиња, џинови, шкорпии, сијамски близнаци, чудесни камења, магични направи, лавиринти, музички автомати, часовници, фосилизирани билки и животни, оптички инструменти, огледала од сите видови, куриозитети од Индија, Кина, Перу...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)