Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа подразбира способност да не се сфаќаат аналогиите, да не се забележуваат логичните грешки, погрешно да се разбираат и наједноставните докази ако се противставени на Ангсоц-от и да се чувствува здодевност или одбивност спрема секој тек на мисли што би можел да води кон ерес.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)