одговор (имн.) - ќе (чест.)

Тепањата сега се разретчија и претставуваа повеќе закана, ужас во кој ќе биде вратен во секој момент кога неговите одговори ќе бидат незадоволувачки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само не знам, но можеби одговорот ќе стигне сам...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Твојот одговор ќе ја реши мојата судбина.“ Пред девојката да се снајде, Отец Симеон ја остави зад себе вратата отворена и побрза по басамаците, со страшно чувство дека покривот на таа зграда е од вжештено олово и се лее капка по капка како од напукнат казан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И ако прашаш во кое време , знаат и во одговор ќе речат дека тоа станало во времето на грчкиот цар Михаил, бугарскиот кнез Борис моравскиот кнез Коцељ - во годината од создавањето на светот 6363*.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Како да се надевав дека нејзиниот одговор ќе ја намали неизвесноста што не притискаше, ќе ми ги растури ужасните претпоставки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А сега, би сакала да ви поставам едно прашање, и во зависност од вашиот одговор ќе решам како да дејствувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби одговорот ќе биде во новата книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И посебно, се надевам дека вие ќе можете да се скоцентрирате врз вашето дело без да ве вознемируваат реакциите или нивното отсуство кај француската читателска рублика.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во својата медитеранска екстаза, како некогаш Албер Ками, Дарвиш ќе потврди дека јазикот и метафората не се доволни на пределот да му се наложи друг предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не сум сигурен - реков - И мојот одговор ќе беше сличен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)