Двете овчарчиња беа негови другари и од училиште, и од игрите в село, а се среќаваа и во планината, иако не толку често, зашто нивните колиби беа далеку, повеќе од еден час машко одење кон југ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога се премина на вино и кога полковниците му одвраќаа на здравицата на кметот, кој при секоја новонаполнета чаша, им наздравуваше, учителот крена чаша, им наздрави и почна: - Селово наше, Езерец, има 180 куќи со 850 жители; формирано е по доаѓањето на Словените во шестиот век, најпрвин како рибарска населба; во деветтиот век е под власт на Бугарија; во десеттиот век влегува во царството на македонскиот цар Самоил; по неговото пропаѓање, во единаесеттиот век потпаѓа под независното Латинско царство што го формираат Крстоносците на одење кон Ерусалим за да го ослободат Божјиот гроб; потоа со ширењето на Второто бугарско царство, пак потпаѓа под него; потоа е во состав на Српската држава; со доаѓањето на Турците, останува пет века под Отоманското царство; по Балканските војни, пак е во состав на Српската држава; од 1915 година пак е под Бугарија; а сега, по пробивањето на Солунскиот фронт, во состав на кралството СХС.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Види Hast- ings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Iden- tity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 10. 62 на дисхармонијата која таа ја нагласува.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
За ваквото однесување може да се случи и да ве повикаат на одговорност - втаса да ги предупреди сите тројца, откако забележа дека го слушаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Другар Мајка! - успеа да се втурне Господ Саздов во настанатата тишина и почна да објаснува дека кафеаната не е место за издавање воени тајни. – Случаите со одење кон Солун не смеат да се спомнуваат овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Преминувањето на границата значи одење кон нешто ново, нешто кое знаеме дека ќе биде различно од она од кое доаѓаме.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)