Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше воведена и одредба која ги опфаќаше случаите на т.н. статусни промени кај работодавачот, имено дека сите права, обврски и одговорности од договорот за вработување и работен однос преминуваат на новиот работодавач, во случаите кога ќе настанат такви статусни измени – а тој, пак, е должен да ги обезбеди сите права, најмалку, за уште една година потоа (чл. 68, ЗРО/05); б) Најдрастичната промена во областа на престанокот на работниот однос по пат на отказ е воведувањето на можноста за отказ без отка- зен рок!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
71 9. Сите права, обврски и одговорности од договорот за вработување и работен однос преминуваат на новиот работодавач во случаите кога ќе настанат статусни измени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)